Пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, денес, во знак на поддршка и солидарност со палестинскиот народ, на говорницата во Собранието на излезе со препознатливата марама „палестинка“.

-Во бомбардирањето на Газа од страна на Израел, деновиве животот го загубија стотици цивили меѓу кои и 40 деца! Кога зборуваме за 40 загинати деца лесно е на бројката да гледаме како на уште само една трагична статистика, но тоа се човечки животи, со своја приказна и не може да се сведат на бројка. Ова се нивните имиња:

Јазин ал Масри, 2 години, Амир ал Танани, 7 години, Ибраим ал Масри, 11 години, Адам ал Танани, 4 години, Јахја Калифа, 14 години, Мухамед ал Танани, 3 години, Лина Шафер, 16 години, Исмаил ал Танани, 8 години, Мустафа Обаид, 17 години

Ахмед ал Хаваџри, 14 години, Башар Самур, 17 години, Мухамед абу Дија, 1 година, Ибраим Хасанајн, 16 години, Оур ал Замили, 2 години, Мухамед Сулејман, 16 години, Ибраим ал Рантиси, 1 година, Хусеин Хамад, 11 години, Фавзија абу Фарис, 17 години, Бара ал Гарабали, 6 години, Ислам ал Атар, 8 години, Рахат ал Масри, 10 години, Амбер ал Атар, 6 години, Мавран ал Масри, 7 години, Мухамед ал Атар, 1 година, Хамза Али, 12 години, Абдула Џавда, 13 години

Хала ал Рифи, 14 години, Сухаиб ал Хадиди, 13 години, Заид ал Талибани, 5 години, Абдул Рахман ал Хадиди, 8 години, Амаар ал Амур, 11 години

Усама ал Хадиди, 6 години, Хамада ал Амур, 13 години, Мариам абу Хатаб, 8 години, Калид ал Кану, 17 години, Јаман абу Хатаб, 6 години, Лина Иса, 14 години, Билал абу Хатаб, 9 години, Батена Абид, 6 години, Јусуф абу Хатаб, 11 години, рече Апасиев.