Не е странството она што беше некогаш. Се мачиме. Дел од нас со месеци се без работа, а многумина решија да дадат отказ од работното место поради далеку помалите плати, а дел се за жал избркани од своите работодавци.

„Не е веќе ниту тука сјано“, сега се е поинаку. Ваков став можеме се почесто да слушнеме од многумина од нашинците кои живеат или живееле во странство. Имено, на фејсбук се појави статус во кој се опишува моменталната состојба во странство.

Веќе 3-ти месец сум дома без работа. Се е затворено. Ниту има што да се работи, ниту пак тие што работат се задоволни. Еве имам роднини во Минхен кои велат дека пола од нивните колеги се останати без работа. Тие уште работат, но далеку од сјајна е ситуацијата. Пари нема, нема каде да се излезе, тешко се доаѓа до ново работно место или позиција. Спротивно од тоа многу лесно се губи работното место, а оние кои уште работат едвај крпат крај со крај и не можат да заштедат ниту евро.

Порано кога ќе си дојдевме во Македонија доаѓавме со полни торби подароци за нашите роднини и најблиски. Сега се прашуваме на кого и што да земеме, но и со што да земеме. Кога ќе се одбијат трошоците за сместување, храна и пијалоци, кога ќе се одземат трошоците од она што ни следува за нормална живеачка, останува да кажеме дека „да, не е лошо, но е далеку од сјајно“. Порано на првите братучеди можев да дозволам да им земам пар фармерки, пар блузи, патики, да им дадам по 100, 200 евра да си купат нешто или да заминат на одмор. А сега како? Сега прашање е колку можеме ние да си го дозволиме тоа.

Еве и друг пример: Мој роднина од страната на татко ми веќе два месеци е без работа во Италија. Ми кажува, вели жената засега ќе остане, но јас навистина работам без пари. Ќе се вратам дома на месец дена, ќе пробам да направам нешто во родниот крај а потоа ќе си ги повлечам и моите. Не е она што беше, се зборовите кои најчесто може да ги сретнете ако поразговарате со мнозинството кое работи во странство.

Други пак би биле овде, би работеле од утро до мрак, но никогаш не би кажале дека им е полошо во Македонија. Зошто? Затоа што кога ќе се вратат долу кај нас, тие 5 дена прикажуваат автомобили од 10, 20 илјади евра, покажуваат дека тие сега се висока класа, дека пијат ред бул и што ли уште не, дека пушат давидоф и малборо наместо родео итн итн. Но тоа им трае 5 дена. Потоа кога ќе се вратат, по 5 утра и ноќи преживеани по кафеани и кафулиња, на сцена испливува само она „работа, работа и само работа“. Немаат време едно кафе да се напијат, а и да имаат не би потрошиле, бидејки во тој случај ќе им биде скапо и нема да биде 50 денари како во Македонија.

Ете таа е разликата драги сограѓани Македонци. Што веќе странството не е исто, ниту пак луѓето се исти. Затоа ич не му ја мислете засега дали сте згрешиле што не сте заминале од Макеоднија. Верувајте и тука не е лесно. На крајот од краиштата каменот си тежи на своето. Затоа и јас се враќам дома.

Извор: Фејсбук статус на Р.С