Плач се „слуша“, солзи се леат по социјалните мрежи откако се појавија информации дека нашиве чекале по 2 часа за влез во Грција. Па се појавија „екперти“ кои кажуваат дека тоа не било патриотски, демек ние не сме знаеле да си го цениме нашето и што ли уште не. А кое наше? Па еве да му одговорам на другарот:

Пријателе. Охрид е поскап од Грција.

Имено, вчера мој најдобар пријател, сопругата и детето заминаа на одмор во Грција. 7 ноќи односно цели 8 дена ќе ги чинат само 320 евра. На море! Кажи ми ти пријателе мој кој толку многу си загрижен за нашите бизнисмени во Охрид, колку чини едно кафе во Охрид? Какви се плажите во Охрид? Кои се цените за сместување во ОХРИД, но и КОИ се условите кои ти ги нудат за истите тие пари?

Дали ти пријателе мој знаеш дека во Охрид одмор ќе те чини барем 30 % повеќе од она што ќе го платиш во Грција.

А пази, уживаш на МОРЕ, средени песочни плажи, а не плажи по кои ќе си забиеш камен во нога. И тоа воопшто за споредба ли е? НЕ!

Жално е што и во правото на одмор, правото човек да ужива со сопствените заработени пари, вие мешате политика. На крајот на краиштата, кај нас доаѓаат Холанѓани. Значи ли тоа дека тие не си ја ценат Холанија? Еве ти добро контра прашање. Или пак тие доаѓаат бидејќи за нивниот стандард овде е евтино, а нормално, можат да видат и убави работи. Епа истава работа е и кај нас. Со нашиот стандард можеме да си дозволиме убав одмор у Грчка, наспроти Охрид. Никој не вели дека нема да се замине на викенд или одмор и во Охрид, но тоа не значи дека треба да се споредува едно со друго.

Па кој е тој кој на мене за моите пари ќе ми каже да не идам у Грчка? Никој. Бидејќи за тие пари јас сум работел, и сакам да ги трошам таму каде што имам желба. Тука не постои ниту ВМРО, ниту СДСМ, ниту никаква друга политика. Тука има ИЗБОР за уживање за кој јас или секој сам одлучува!