Сите го знаеме како министерот за одбрана, но не оној вистинскиот, туку само кога станува збор за ракометот. Откако го потпиша договорот со Вардар се стационираше во Скопје, каде што напорно тренира и ужива заедно со своето семејство.

Доколку ги следите неговите профили на социјалните мрежи, сигурно сте ги забележале неговите објави поврзани со екс кошаркарот Перо Антиќ.
figure>

Имено, Борко Ристовски неколкупати, јавно го прозва Перо Антиќ, а тој за „Бекстејџ“ ја открива причината за тоа.

Ристовски ‘удри’ по Перо. Тој вели дека не би сакал Антиќ да му биде идол на неговиот син, a доколу тоа се случи, тој ќе направи се за да го спречи истото.
figure>

„Имам и јас мало дете, не сакам да има такви идоли и она што тој го претставува. Мене ми е жал еден голем спортист да дојде до нешто вакво. Од успешениот и голем спортист Перо Антиќ ова не е ниту бледа слика“.