Пред малку Централниот одбор на СДСМ повторно ме избра за секретар за меѓународна соработка на партијата. Се заблагодарувам за довербата, со ветување дека и во новиот мандат ќе продолжам да работам посветено на промоцијата на СДСМ во светот и градење уште по цврсти врски со нашите пријатели и сојузници, како и остварување на стратешки цели на државата.

Им го честитам и изборот на потпретседателите на партијата Оливер Спасовски, Мила Царовска, Фатмир Битиќи и Венко Филипче и им посакувам многу успех во извршувањето на задачите и обврските.

Исто така му го честитам реизборот на Љупчо Николовски за генерален секретар на партијата и на Мартин Попов за организациски секретар.

Ваков СДСМ ќе донесе позитивно промени во политиката и начинот на којшто таа се спроведува.

Продолжуваме здружени во нови победи!