Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство денеска беа во салата ,,Борис Трајковски” , а повод беше предавањето на вакцините од Европската унија за Северна Македонија.
Еврокомесарот Оливер Вархеи по предавањето на вакцините од ЕУ порача дека не било лесно да обезбедат вакцини и додаде дека ќе продолжат да се грижат за Северна Македонија и за Западен Балкан.

,,-Ова е добар ден за Западен Балкан и мора да биде прекрасен ден за Северна Македонија. Конечно успеавме да обезбедиме вакцини. Ова не беше лесно и работевме многу со австриската влада за ова да се случи и да ви покажеме дека се грижиме.

Ќе продолжиме да се грижиме за Северна Македонија и за Западен Балкан. Се надеваме дека ќе успееме и да ви помогнеме и да ја завршите вакцинацијата. Ова е подарок за нацијата на Северна Македонија за да победи пандемијата што е можно побрзо. Се надевам дека сите ќе се вакцинираат брзо и дека во првите два месеци целиот здравствен персонал ќе се вакцинира. ” – потенцира Оливер Вархеји.