Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев наскоро ќе замине со евровизиската делегација во Ротердам, Холандија, каде ќе настапи во првата полуфинална вечер на музичката манифестација, на 18-ти мај.

Околу неговите планови за евровизиската сцена, конкуренцијата, но и за јавниот линч кој го доживеа по промовирањето на евровизискиот видео запис, тој отворено раскажува во интервју за Eurovision world.com, медиум посветен на настаните поврзани со Евросонг, известува ФОКУС

Васил од Северна Македонија: Организиран криминал/напад – е насловот на интервјуто кое го привлече вниманието на пошироката јавност.

Во него, покрај темите за минатогодишниот Евросонг кој беше откажан поради актуелната пандемија со корона вирус, струмичанецот раскажува за своите музички искуства, но и за песната со која ќе не претставува ,,Here I Stand”, која за него е нумера за личниот успех, достигнувања и позитивност.

Околу настаните по објавата на видеото за ,,Here I Stand”, кога тој беше обвинет дека смислено во позадина на сцената се појавуваат боите на бугарското знаме (што веднаш беше демантирано од негова страна), но и негово постаро интервју во кое со гордост кажува дека има и бугарско државјанство, Гарванлиев вели дека тоа било организиран криминал/напад врз него, над кој немал контрола.

-Работите беа извадени од контекст, се презентираа лажни информации, и тоа заврши со многу лоша реакција, со напади на интернет и јавен линч. Никому не му посакувам такво нешто, но кога го гледаме светлото во мракот, благодарен сум, бидејќи тоа и даде на мојата песна уште подлабоко значење, а мене уште поголема желба да бидам поуспешен.

Целиот текст прочитајте го на ФОКУС