Утрово, министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил сподели дека на состанокот на Комисијата за заразни болести е донесена одлука за нови олеснителни мерки кои ќе бидат предложени на Главниот координативен кризен штаб.

Меѓудругото, тој напиша дека ќе биде дозволено организирање настани на отворено и затворено, со најмногу 30 проценти исполнетост

на просторот во кој се организира настан.
Но, овој дел на објавата на министерот Филипче беше нејасен за пошироката јавност, односно дали ова ќе важи и за организирање концерти, забави во дискотеки и организирање свадби и свечености.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на новинарско прашање кажа дека и натаму не може да се организираат свадби и концерти.

,,Организирање на настани не значи свадби или концерти, туку само на состаноци и едукативни курсеви.

Станува збор за настани кои можат да се организираат како состаноци, како едукативни курсеви, не се дозволени концертите и свадбите. Затоа што стравуваме дека може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни. И затоа постепено одиме кон ублажување на мерките. Ако продолжат трендовите ќе бидат дозволени и концертите“, потенцира Филипче.