Денеска стигнуваат 10 илјади вакцини од Фајзер, преку нашиот директен договор. Секој понеделник ќе стигнуваат меѓу 4 и 7 илјади вакцини. Сето тоа влегува во нашиот распоред, како ќе се распределуваат вакцините. Има неколку пункта во државата каде што има фрижидери за фајзеровата вакцина. Има регионални распореди.

Завршува процесот на опремување на салите во рамките на училиштата, бидејќи се завршени салите во Охрид и во Штип денеска завршува и во Битола. Остантите три ќе бидат до крајот на неделата за да ги лоцираме вакцините кои треба да дојдат од Кина, вкупно 200.000 од Кина. Околу 28 април треба да се подигнат од Пекинг. После со специјален ланец на камиони да пристигнат во Скопје.

Имајќи го сето ова во предвид движењето и епидемиолошката крива се донесени низа на рестриктивни мерки кои ќе важат во следниот период.

Утре на седница на Влада треба да се добие согласност и да се прифати, отварање на летни тераси на угостителските објекти, да полицискиот час се скрати, да започне од 21 часот, а за време на Велигден, сабота спрема недела, и Рамазан да нема полициски час односно граѓаните да можат слободно да се движат.

Сето ова е резултат на сето ова што се случува се ослободуваат и одредени оделенија кои требаше да сместат пациенти со ковид, ги следиме трендовите, го следиме овој бран и искрено се надевам дека со оваа забрзана вакцинација ќе придонесе за да се смени сликата за епидемијата кај нас.