Сите љуботели на виното веројатно не би имале ништо против тоа една година да ја поминат на сончевите области со лозје, без да плаќаат сместување и да уживаат во сите погодности на резиденцијата која се наоѓа на имотот со лозје, на кој е сместена и фабриката и винските подруми за создавање и чување на прекрасното вино.

Всушност, за некои среќници ова сценарио може да стане и реалност. Тоа важи за оние кои можат да се пријават на конкурсот кој го отвори една винарија во Калифорнија.

Да консумирате вино и да уживате во прекрасните полиња со лозје во сончевата долина, каде ќе престојувате бесплатно и тоа за плата од 10.000 долари месечно, звучи нерелано, зарем не?

Всушност станува збор за вистински оглас за работа, во кој една калифорниска винарија бара вработен на една година. Покрај бесплатното сместување и одличната плата, избраниот кандидат ќе има и работа која е дизајнирана според неговите преференции.

Имено, винаријата „Murphy-Goode“, сместена во калифорнискиот вински регион Сонома, неодамна објави конкурс за работно место во траење од една година. Идниот вработен ќе има прилика да живее на ова земјиште бесплатно, во градот Халдсбург. Нормално, ќе добива и плата од 10.000 американски долари месечно, а на располажање ќе има и многу, многу вино.

Какви точно должности ќе има идниот вработен не е сосема прецизирано. Се наведува дека тие ќе бидат оформени врз основа на интересот на избраниот кандидат. Меѓутоа, сигурно дека среќникот ќе мора да учи многу за процесот за добивање на виното и тоа од нивниот домашен познат винар Дејвид Реди.

Сите заинтересирани за работата можат да се пријават со видео снимка, во која ќе наведат зошто мислат дека токму оваа работа од соништата е создадена за нив. Кандидатите мораат да бидат постари од 21 година и да имаат опуштена животна филозофија, а ќе се проценуваат врз основа на кративноста, искуството и вештините.

Доколку сте започнале да го замислувате сценариото за своето видео, следната информација ќе ве разочара. Конкурсот всушност е отворен само за граѓаните на САД, осносно за оние кои имаат дозвола за работа во таа земја.