Хамас повторно го ракетираше Тел Авив. Израел возврати на ударот.

Во новите воздушни напади врз Газа, Израел демолираше шесткатна станбена зграда во Газа за која се тврди дека му припаѓа на Хамас.

Најмалку 83 лица се ybиени во Појасот Газа од понеделникот.

Јомна Ал Сајед, новинарка на Al Jazeera, известуваше во живо од покривот во Појасот Газа кога во израелски воздушен напад беше срамнета со земја зграда од 14 ката наспроти неа.

Неколку моменти пред нападот, новинарката рече дека штотуку биле истрелани неколку ракетни предупредувања и дека сега треба да започне уривањето на целата кула Ал-Шарук.

„Оваа зграда има 14 ката, таа е една од најголемите и најстарите згради во Појасот Газа и во неа главно се сместени канцеларии на медиуми“, додаде таа.

Додека Сајед ја изговараше следната реченица, проектилите ја погодија зградата.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи дека не планира да попушти во нападите против Хамас во Газа, по силното бомбардирање насочено кон исламистите во палестинската енклава.

Американскиот претседател Џо Бајден, по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изрази разбирање за реакцијата на Израел по ракетните напади од Хамас.