Корона-кризата не само што влијае врз здравјето на граѓаните, туку и во цел свет сериозно ја погоди економијата и бизнисот. Угостителите, хотелите, пејачите, музичарите, се само дел од категориите на луѓе кои претрпеа сериозен удар од оваа криза.

Пред неколку месеци Панчо објави дека ќе работи во скопски ресторан како пица-мајстор. Кога ја соопшти оваа одлука, Панчо рече дека тоа е токму како последица од немањето приходи за време на пандемијата.

Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас дека D’Kitchen и целиот нивен тим ме вработи и ми даде можност да го испечам занаетот за пица-мајстор, кажа Панчо по донесувањето на одлуката да работи како пица-мајстор.

Тој тогаш доби огромен број на пофалби и поддршка од страна на своите пријатели и колеги. Но Панчо не е единствениот кој бара чаре во оваа корона-криза за да има подобро утре за себе и своите најблиски.

Последна таква вест доаѓа и од еден од најпознатите фолк пејачи во Македонија Ѓоко Јовиќ.

Пред некој ден, неговата сопруга Ивана го снимаше и објави Ѓоко како вешто се справува со едно стадо овци и притоа напиша:

Ѓоко си најде работа, бизнисот му оди од рака – за се го бидува.

Дали навистина Јовиќ решил да се занимава со нов бизнис или пак ова е само една „шега“ во ова време-невреме во кое секој буквално се снаоѓа како знае и умее, ќе покаже времето. Како и да е, ние му посакуваме среќа во неговиот живот и се надеваме дека ќе биде успешен без разлика што решил да работи во својот живот.