Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, доби „Златен твор“, награда која се доделува за најголем лузер на годината.

Каракачанов ја доби оваа награда откако не успеа да го собере потребниот цензус од 4,1 отсто од гласовите на парламеннтарни избори во Бугарија.

Со едвај освоени 3,64 или 3,65 % никој од неговата партија не може да биде пратеник во новото бугарско собрание.

Вие очекувавте да бидете како на изборите во 2019 година. Но не ви се ок сметкте, му вели водителот.

Во соседна Бугарија ГЕРБ не успеа да формира Влада и го врати мандатот со што даде шанса за партијата на Трифонов

Да види народот за какви станува збор, некои кои се водат од омразата и надменоста, надмени се кон кого? Кон тие кои ги победија и сега сакаат да ги променат правилата. Нека ги променат. Какви правила сакаат да направат? Тие нема да формираат Влада, страв им е и нема да ја покажат таа Влада. Тие нема да постапат одговорно како нас. Да кажат Слави Трифонов премиер, внатрешен министер тој, надворешен тој,вели Бојко Борисов – Премиер во заминување на Бугарија.

Мандатот сега ќе биде предаден на Слави Трифонов кој најави дека би коалицирал единствено со помалите партии Исправи се и Демократска Бугарија. Доколку и тој не успее да формира Влада, се по извесно е дека ќе има нови избори во Бугарија кои според процедурите би се одржале во рок од два месеци. Неизвесноста во Бугарија би можела да влијае и врз евроинтегративните процеси на земјава кои се блокирани токму од Софија. На таа тема, шефот на австриската дипломатија Шаленберг, во интервју за МИА вели дека не треба да се губи време за двете земји да ги приближат ставовите.