Изминатата вечер на социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како возач се обидува на спектакуларен начин да му побегне на полицаецот кој се обидел да го легитимира.

Додека полицаецот ги проверува неговите документи, возачот одеднаш дава гас и се обидува да избега.

Полицаецот некако успева да го сопре возилото по што со помош на уште двајца колеги некако успеваат да го совладаат разбеснетиот возач.

Зошто возачот се обидел да бега од полицајците уште не е потврдено.

Од МВР за А1он.мк во 17.10 часот на ул. Б. Ѓиновски во Гостивар бил лишен од слобода И. Б. од с. Балиндол поради напад на службено лице при вршење на службени дејствија. Тој е приведен во ПС Гостивар и против него ќе поднесе соодветна кривична пријава.