Огромна количина отпаден материјал во речните корита во град Куманово. На дело фатени несовесни граѓани кои фрлаат различни отпадоци и со тоа ја загадуваат река Кумановка.

Видео од ваквата катастрофална ситуација објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петруштевски, на неговиот фејсбук профил.

На видео снимката се гледа како се фрла ѓубре и отпад во река во Куманово. Граѓаните револтирани реагираат, надлежните да ги санкционираат ваквите постапки.