Фудбалската федерација на Македонија го презентираше официјалниот дрес со кој македонските фудбалери ќе настапат на Европското првенство.

-Светиот дрес со симболот од нашето национално богатство, стои во описот на ФФМ, а кој се однесува на балканскиот рис.

Подгледнете ја реакцијата на нашите репрезентативци кога го видоа дресот, а особено урнебесни се реакциите на Џани и Ристовски. Алиоски дури успеа да се пошегува и со соиграчите.

Како изгледаат нашите момци во репрезентативниот дрес подготвен за ЕУРО 2020 погледнете во видеото.