Откако рестрикциите поради коронавирусот попуштија во Македонија, а полицискиот час се намали, забавите по кафулињата продожија.

Изминативе два дена на социјалните мрежи кружат видеа од познат скопски клуб којшто претходно неколку пати беше затворен поради организирање на забави, иако истите се забранети поради пандемијата.

На снимките може да се видат претежно млади лица како се забавуваат, а според снимките меѓу нив нема никаква дистанца, пренесува „а1он“.

На видеото може да се види дека заштитни маски носат само шанкерите и келнерите коишто се вработени во клубот.

Од „а1он“ велат дека досега нема никаква информација дали инспекторите влегле во клубот, а од Државниот пазарен инспекторат за „а1он“ изјавиле дека инспекторите постојано се на терен.

ИЗВОР: А1 он – ВИДЕО А1он – ЛИНК од веста на А1он прочитајте ВИДЕО: Повторно забави во скопски клубови, со гужви, играње, без маски и дистанца (a1on.mk)