Новосибирск е град во Русија кој по големина е веднаш по Москва и Санкт Петербург, а екстремните зимски услови со бизарно ниски температури се сосема нормална појава. Имено, температурите се спуштаат и до -40 степени Целзиусови, но локалното население знае како да се забавува и на вакви температури.

Ладното време не ги спречи јутјуберите кои стојат зад каналот „Garage 54“ на „Јутјуб“ да направат „мал експеримент“ за да им го доближат нивниот живот до луѓето ширум светот.

Поради екстремно ниските температури пералните за автомобили веројатно не работат, па тие решиле да се „фатат“ за работа симулирајќи миење на автомобил пред нивната работилница. А работите да бидат уште поинтересни, течноста со која го мијат автомобилот е розова.

А потоа, замрзнатиот автомобил го возеле низ градот. Видеото кое го објавија на нивниот канал веќе има над 1,488,285 пегледи и над 35.000 лајкови.