Програмата во живо на гледачите им е секогаш интересна,а незгодите кои за тоа време знаат да се случат главно стануваат хитови кои многу често се повторуваат и стануваат вирални на интернет.

Токму тоа се слулило и со снимката од временска прогноза на српскиот РТС од 2013. година кога се случил гаф на кој сега, повторно, се смее цела Србија.

Имено, водителката тогаш ја најавила временската прогноза, но на презентерката Лидија Мрковиќ, никој не и јавил па камерите фатиле како, наместо на гледачите да им каже какво време ги очекува утре – танцува.

Додека таа танцувала, екипата зад камерите се смеела, а водителката се обидела „да ја спаси ситуцијата“.

„Не добивме комплетна информација, времето се подобрува, сабота и недела ќе бидат убави, поминете убав викенд“ ја извлекла водителката својата колешка Мрковиќ, на која веројатно не и било до танц кога видела што се случило.

Иако снимката е стара четири години, сега повторно станала хит на интернет и масовно се споделува по социјалните мрежи.