Трката од српскиот шампионат во Краљево во автомобилизам на кружни патеки заврши трагично.

Животот го загуби познатиот српски автомобилист Владимир Шекуларац од Александровац откако излетал од тркачката патека

Натпреварот бил организиран од Здружението на спортски автомобили и картинг на Србија на познатата тркачка патека Берановац кај Краљево.

Возилото за жал излетало од патеката во 9-от круг од трката, по што истата веднаш била прекината, а на местото на настанот интеревенирала екипа на итната медицинска помош.

И покрај сите обиди на докторите да го спасат, Владимир им подлегнал на повредите.