Загреб попладнево го погоди студен бран, носен од силни ветрови. Небото се затемнило кога се појавиле темни облаци. Невремето околу 17 часот стигнало до Словенија и забрзано се поместило на исток. Над градот почнале да татнат грмотевици, јавуваат хрватските медиуми.

Управата за цивина заштита ги предупреди граѓаните за грмежите

Во временскиот период од следните еден до 4 часа на поширокото градско подрачје можни се изразени врнежи со грмежи проследени со силен ветер. Локално може да паѓа и град, стоти во предупредувањето.

Во Горња Дубрава силен ветер урна стебло кое паднало врз паркирано возило БМВ, додека во други делови ветерот ги туркал и кантите за ѓубре.