Возило марка „ауди“ фатено на радар како се движи со 230 километри на час од страна на полициски службеници.

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Портпаролот на МВР на денешната прес конференција посочи дека во текот на вчерашниот ден (23.04) санкционирани се вкупно 234 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои 23 се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 111 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладднево на автопатот Тетово-Гостивар. Како што се гледа и од фотографиите еден автомобил е превртен на кров, а на лице место беше присутна и полицијата и медицински екипи.

Како што дознава Infomax од извори од полицијата има неколку повредени кои се пренесени во тетовската болница.