Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 лидерот на Левица Димитар Апасиев го нарече фашист, а оперскиот пејач и експратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, оперска певачица!

Шилегов, кој беше пратеник во период кога пред четири години се случи упадот во Собранието, во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ, порача дека треба да се направи разлика помеѓу насилство и напад врз уставниот поредок. Затоа, според него оправдано е делото

терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое се гонеа и сè уште се гонат инволвирани во настаните од „крвавиот четврток“.

Политичарите, според него, треба да ги осудат настаните, а осудените треба да си останат в затвор.