Тие едни кон други фрлале разни предмети како сандаци, флаши, цигли, а се користело и метални шипки.

Се работи за напревар меѓу Рокдал Илинден кој важи за македонски клуб во Австралија, и Сиднеј јунајтед 58 кој е клуб на хрватското малцинство во оваа земја.

Полицијата го истражува случајот.

Околу 10 лица се уапсени, додека пак три лица завршиле во болница со полесни повреди.

Фудбалскиот сојуз на Австралија остро реагираше и го осудил инцидентот, а најави и санкции.