Владата денеска како лаги и манипулации ги оквалификува информациите дека премиерот Зоран Заев имал контакти со Седат Пекер.

-Премиерот Заев и неговото семејство немале и немаат никакви средби и соработки со споменатото лице. Категорично ги отфрламе како лаги и манипулации сите вести во кои премиерот Заев и неговото семејство се доведуваат во каква било врска со споменатото лице, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.

Опозицијата деновиве излезе со тврдење дека, Седат Пекер, по кого има меѓународна потерница за трговија со дрога, изјавил оти имал лична средба со Зоран Заев.

За Седат Пекер опозицијата изнесе информации дека бил еден од повеќето криминалци кои добиле македонски пасош со украден идентитет.

Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата „Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР?

Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?

Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.

Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада“ – пишува во Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.