Покрај претседателот на Русија често можеме да видиме бел термос.

Владимир Путин конечно открил што пие во текот на конференциите:

„Знаете, јас дури и не пијам црн чај. Пијам само чај од билки од Алтајските планини“, изјавил неодамна претседателот на Русија и така конечно ја открил тајната за белиот термос.

Колкав љубител е на алтајската природа, сведочи и фактот што Путин неретко наздравува со странските лидери со белиот термос.

Што е алтајски чај? Се смета дека овој чај од алтајска трева делува на тонунот на организмот благодарение на богатството на биолошки активните супстанции, витамини, како и изразената поддршка во имуниот систем.

Тој ја зајакнува општата отпорност на организмот, го јакне имунитетот, дава енергија и елан. Тој е и одличен прочистувач на организмот, а делува и како антиоксиданс кој ги спречува штетните ефекти на процесите на оксидација во организмот, за кои се смета дека се едни од причините за многубројни хронични болести во современиот свет.