Израелската полција се судри со палестинците синоќа пред стариот град во Ерусалим, а претходно спречи автобуси со муслимански верници кои се движеа кон тој град.

Судирите избувнаа пред џамијата Ал Акса, каде што се собраа околу 90.000 палестинци, а во Ерусалим полицијата употреби шok-бомbi

Според Палестинскиот Црвен Крст, најмалку 53 лица се повредени, а е наведено дека е повреден и еден полицаец.

Полицијата вели дека нивните активности се преземени од безбедносни причини.