Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи,

соопшти Министерството за внатрешни работи. Едно возило се движело и со брзина од 222 километри на час.

Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат, информират од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Извор ФОКУС