На наплатната рампа „Лајковац“ на автопатот „Милош Велики“, минатата недела вработена на патаријата, му спасила живот на еден возач кој доживеал инфаркт додека управувал со возилото.

Тоа се случило околу 14 часот, кога недалеку од наплатната рампа, запрел автомобил марка „Шевролет“, и возачот само успеал да отвори врата и да падне крај возилото.

Вработената во патарина веднаш притрчала во помош, но додека му давала помош на лицето, видела комбе на итната помош како се приближува кон наплатната станица. Брзо реагирала,

го запрела комбето, а лекарите брзо му помогнале на возачот.

„Навистина не знам како да и се заблагодарам на девојката. Ми го спаси животот“, изјавил возачот