Турската полиција во Анталија растурила забава во која учествувале и десетина познати јавни ликови од Македонија.

Гостите биле таму преку позната македонска туристичка агенција од Скопје која секоја година има летни аранжмани за Турција.

Допрва ќе се знае дали гостите ќе добијат казни.
Забавата е хит на социјалните мрежи во Турција, а за неа известуваат медиумите во Турција.

Инаку, во Турција на сила е локдаун, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела објави дека целосното затворање на земјата започнува на 29 април од 19 часот до 17 мај, до 5 часот наутро.

Видео од забавата може да погледнете на следниот линк