КАКО СЕ ПАТУВА ЗА ЈУЖНИОТ СОСЕД ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА – пишува ВЕЧЕР

За патување во Грција задолжителен е сертификат за вакцинација кој што треба да биде на англиски, француски, германски, шпански, италијански… или негативен ПЦР-тест но не постар од 72 часа кои што е направен во акредитирана лабораторија или пак потврда за прележан ковид-19. На сертификатот за вакцинација името и презимето треба да бидат исти како на пасошот и да има 14 дена поминато од втората доза на вакцината. Ако вакцината е во една доза, тогаш исто така треба да поминат 14 дена од примањето на вакцината

Празничниот викенд голем број на македонски граѓани го поминаа на плажите во Грција. Според статистиката на граничниот премин „Богородица“ имало патници и во двете насоки, при што околу 3.500 граѓани од кои 2.000 наши државјани, а останатите странци заминале на продолжен викенд во Грција.

Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, неделава треба да биде готов и Македонскиот дигитален „зелен пасош“, што ќе им ги отвори вратите на нашите патници во повеќе земји. Како што објасни министерот се работи за апликација што ќе функционира по принципот на „МОЈ ДДВ“.

-ЗНАЧИ ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГО СКЕНИРААТ КОДОТ ШТО ЌЕ ГО ДОБИЈАТ НА ПОТВРДАТА ЗА ВАКЦИНА ОД МАТИЧНИОТ ЛЕКАР ИЛИ РЕЗУЛТАТОТ НА ПЦР-ТЕСТОТ, КОЈ ЌЕ ИМ СЛУЖИ КАКО ДОКАЗ ЗА ДА ИМ ГО ОВОЗМОЖИ ПАТУВАЊЕТО – ПОСОЧИ ФИЛИПЧЕ И ДОПОЛНИ ДЕКА СО НЕГО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ.

На аеродромите ќе има читачи за кодови за примена вакцина, направен тест за антитела или ПЦР.

Но деновиве во земјава се најмногу актуелни новите правилата за влез во Грција што засега важат до крајот на овој месец, со можност да се продолжат и додека трае сезоната. За патување во Грција задолжителен е сертификат за вакцинација кој што треба да биде на англиски, француски, германски, шпански, италијански… или негативен ПЦР-тест, но не постар од 72 часа кои е направен во акредитирана лабораторија или пак потврда за прележан ковид-19. На сертификатот за вакцинација името и презимето треба да бидат исти како на пасошот и да има 14 дена поминато од втората доза на вакцината. Ако вакцината е во една доза тогаш исто така треба да поминат 14 дена од примањето на вакцината.

Антигенскиот тест дека сте ја прележале болеста исто така треба да биде на англиски, германски, француски… но да не биде постар од два до 9 месеци, односно да нема поминато подолго време од кога сте ја прележале болеста. За децата постари од пет години потребен е негативен ПЦР-тест.

Казна од 5.000 евра ако во Грција без дозвола напуштите карантин

Како што појаснува Јанис Пилариност, заменик-командант на граничниот премин „Евзони“, за РТС на самиот граничен премин може по случаен избор да се направи тестирање со брз тест за било кој патник и за десет минути да се види дали е навистина негативен.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА ВЕЧЕР прочитајте го ОВДЕ