Во вчерашното шоу на музичкото натпреварување „Звездите на Гранд“, имавме можност да видиме како учесничката Марија Груевска, која доаѓа од Македонија, настапи во многу провокативна комбинација на облека, но и со змија околу струкот.

Таа ја отпеа песната „Негатив“ Тијана Дапчевиќ, а членовите на жирито беа шокирани кога ја видоа во ова издание на сцената.

– Човече, ти треба храброст за вакво нешто – сите се согласија по нејзиниот настап, кој остави голем впечаток.