Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2 357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на ковид-19 во: Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8, Кочани и Кичево – по 7, Прилеп, Охрид и Штип – по 6, Велес и Струмица – по 5, Тетово, Гостивар и Ресен – по 4, Кавадарци – 3, Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 409 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Прилеп – 39, Куманово – 37, Битола – 36, Тетово – 15, Велес – 13, Гостивар – 12, Кичево – 11, Штип – 10, Струмица – 9, Кавадарци и Радовиш – по 8, Крива Паланка – 6, Охрид и Кочани – по 5, Виница и Демир Хисар – по 4, Дебар и Пробиштип – по 3, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево – по 1.

Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г,65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г). Од пријавените, 25 лица се починати во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.

Направени се 2 357 тестови преку: ИЈЗ – 397, ЦЈЗ Скопје – 63, ЦЈЗ Битола – 47, ЦЈЗ Прилеп – 36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 4, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември – 11, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 71, Жан Митрев (Филип Втори) – 369, Авицена – 160, Биотек – 199, Систина – 173, лабораторија Лаор – 169, Синлаб – 41, Ремедика – 39, Плодност – 49, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 524.

Досега во земјата се направени вкупно 743 378 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154 222, бројката на оздравени пациенти е 138 779, на починати е 5 135, а бројот на активни случаи изнесува 10 308.