Повеќе од 5.000 луѓе присуствуваа на концерт што беше организиран во Палау де Санти Јорди во Барселона.

И во Холандија беше организирана масовна забава како експеримент.
Зиго Дом, најголемата концертна сала во Амстердам, со капацитет од 17.000 луѓе, собра 1.300 луѓе кои играа на музика на познати диџеи.

По примерот на овие големи градови, и во Белград е најавен експеримент за ширењето на Ковид-19.
Имено, заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, најави дека ќе биде извршен контролиран експеримент за ширењето на коронавирусот, какви што беа направени во Барселона, Амстердам и други градови.

„Експериментот подразбира организација на концерт, а ќе биде утврдено кој ќе дојде на настанот, дали само вакцинирани или ќе бидат потребни тестови за антитела, негативни ПЦР тестови итн. Сите луѓе што ќе присуствуваат ќе бидат следени после тоа и можете да бидете сигурни дека српската наука ќе се покаже како успешна и дека сите ќе ги пренесат резултатите од студијата“, рече Весиќ.

Тој кажа дека Градот ќе плати за логистиката, а експертите ќе направат медицинска студија.

„Со нетрпение го очекувам ова, бидејќи резултатите од студијата ќе ни помогнат да донесеме одлука за организација на концерти, фестивали и други големи настани. Ќе имаме точни индикатори за тоа како се шири или не се шири вирусот“, рече Весиќ.