Потпретседателот на хрватската Влада и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ денеска најави можно олеснување на епидемиолошките мерки од 1 јуни.

Тој рече дека вечерва и во недела се одржуваат два експериментални настани – работна вечера, односно свадба со 120 гости, и дека, доколку се утврди дека нема ширење на инфекцијата, ќе се размисли за олеснување на мерките за вакви настани.

Претходно, во Белград, соседна Србија е најавен експеримент за ширењето на Ковид-19.
Имено, заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, најави дека ќе биде извршен контролиран експеримент за ширењето на коронавирусот, какви што беа направени во Барселона, Амстердам и други градови.

Извор: Слободен печат