Александар Вучиќ денеска побара од Владата да им овозможи бесплатна вакцинација во Србија на сите македонски граѓани, со вакцина по свој избор, пишува А1он.мк

Како што пишува Б92, Вучиќ практично побарал македонските државјани да добијат отстапка од Владата и да добијат статус еднаков на домашните жители, како што вчера Србија направила и за граѓаните на БИХ.

Потполно бесплатно може да се вакцинираат и да им биде издаден сертификат, како и граѓаните на Србија, изјави Вучиќ

Во последните три недели земјата успеала да вакцинира уште 650.000 граѓани