Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои биле вакцинирани.Тој изјави дека помошта ќе изнесува 3.000 динари, односно 25 евра.

Како што посочува, сите над 16 години, кои ќе бидат вакцинирани со една или две дози до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари.

Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки за оние кои нема да примат вакцина, размислувавме како да ги наградиме вакцинираните“, рече тој.

Целта, како што рече, е да се наградат оние што покажале одговорност,

како и да ги поканат другите да се вакцинираат.

Ние сакаме да постигнеме колективен имунитет со цел да се посветиме на работата“, соопшти претпладнево Вучиќ.