Евровизија се врати во стариот сјај, со публика и изведувачи на сцена. За разлика од минатата година кога беше откажана поради андемијата со коронавирусот годинава, Евровизија сега блесна во Ротердам Холандија. 65-тото издание започна како и во изминатите години, спектакуларно.

Васил Гарванлиев е нашиот евровизиски претставник кој вечерва настапи на првата полуфинална вечер со песната „Here I stand“. Среќа за влез во полуфиналето, му посака и премиерот Зоран Заев на својата фејсбук страна, кој ја повика дијаспората да гласа за него.

И покрај тоа што вчера, на првата полуфинална вечер на Евросонг не успеа да влезе во финале, нашиот претставник Васил Гарванлиев имаше забележителен настап. Неговата сигурност на сцената му донесе огромни аплаузи, но кога е музичката манифестација во прашање, очигледно е дека важи правилото – Нема правила, и до последен момент останува неизвесно кој ќе ја однесе победата.

И покрај тоа што натпреварот за Македонија годинава заврши, Гарванлиев за ,,Фокус” вели дека се чувствувал како победник уште пред да замине во Ротердам, без оглед на се што се случувало наоколу.

Целосната изјава на Гарванлиев прочитајте ја на ,,ФОКУС