Словенечката фирма „ETI Izlake“, произведувач на електрични направи и опрема, е прва словенечка фирма која се одлучила парично да ги стимулира вработените кои ќе се вакцинирааат против коронавирус.

Вработените и привремено ангажираните лица ќе добијат еднократна парична награда од 70 евра бруто доколку до средина на август докажат дека се вакцинирале.

Одликата на раководството ја подржа и Матеја Логар која е главен инфектолог во стручниот тим на владата, велејќи дека ја поздравува таквата одлука и дека го разбира товарот кој работодавците го претрпуваат поради оние кои заминуваат во карантин или на боледување.

Но синдикатот на врабогтените е скептичен, а и некои од работниците велат дека нема да се вакцинираат и дека се против воведувањето на дискриминација меѓу оние кои се вакцинирани и оние кои не се.

-Со ова сакаме со мала финансинка награда да ги стимулираме за вакцинирање нашите вработени, и да обезбедиме безбедна работна средина за сите вработени, изјавил за медиумите генералниот директор на фирмата Томаж Бергинц.

За парична стимулација за вакцинирање се одлучиле по угледот на некои големи меѓународни корпорации како Starbucks, McDonalds…, кои се одлучиле на ваков чекор.

Иако словенија во последните неколку недели располага со доволен број вакцини за постигнување на колективен имунитет до средина на летото, некои се сомневаат дека сегашното темпо на вакцинирање е пребавно и дека таа цел владата нема да ја оствари.

За побрзо вакцинирање се залага Логар која предупредува дека бројот на хоспитализирани се уште е виско, и дека четвритна од заболените со Ковид-19 на одделенијата завршуваат на респиратор, иако можеле да бидат поштедени од потежок облик на болеста доколку навремено се вакцинирале, пренесе „Аваз“.