Меѓу новите имиња, како што дознава „360 степени“ се и д-р. Ана Данева Марков, Нина Фити, Јована Тренчевска, Димитар Ковачевски…
Конгресот треба да изгласа и нови промени на партискиот Статут, така што се зголемува бројот на членови на ЦО – од 100 до 120 на од 110 до 130 члена

Познатата ракометарка Андријана Будимир, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за пластилна хирургија Софија Пејкова се дел од новите имиња на кандидати за членови на Централниот одбор на СДСМ, според информации на „360 степени“,

Тие ќе бидат избрани на функциите на партискиот конгрес кој е во тек, откако се нашле на предлог-листата што ја поднесоа партискиот лидер Зоран Заев и досегашниот состав на Централниот и на Извршниот одбор.

Меѓу новите имиња, како што дознава „360 степени“ се и д-р. Ана Данева Марков, Нина Фити, Јована Тренчевска, Димитар Ковачевски…

Пред почетокот на работниот дел на конгрсот, Заев соопшти дека повеќе од две третини од кандидатите за идниот ЦО се нови членови.

„Од 120 кандидати- 60 се жени, а 60 се мажи, а 45 се млади. Покрај целосна еднаква застапеност на жените и младите имаме и 37,5 отсто застапеност на младите. Повеќе од две третини се нови членови на Централнот и Надзорниот одбор. За прв пат организиравме и внатрепартиски непосредни изброи за претседател на партијата со што поставивме нови стандарди. Воведовме етички кодекс и нов мерит систем за успешноста на секој функционер…“

Конгресот на СДСМ попладнево, исто така, избра и нова заменик-претседателка, поточно директорката на УЈП Сања Лукаревска ја презема функцијата што во последните осум години ја извршуваше Радмила Шекеринска.

ИЗВОР 360 степени – ЛИНК Андријана Будимир, Милена Стевановиќ, Нина Фити… влегуваат во новото раководство на СДСМ (360stepeni.mk)