Неодамна компанијата BlockFi на своите корисници наместо долари им префрлила биткоини, што резултирало еден корисник да добие преку 28 милиони долари.
За жал, компанијата подоцна си ги побарала парите назад.
Грешката која се случила при исплаќање на бонуси потврдена е кај 100 корисници, а тоа најтешко ги погодило корисниците на кои наместо 700 долари, на сметката им легнал 701,4 биткоин, или околу 28 милиони долари.
Претставниците на платформата BlockFi изјавиле дека грешката нема да влијае на бизнисот, бидејќи тие пари се дел од резервите во случај на загуба и дека другите корисници не треба да се грижат за функционирањето на нивните сметки, бидејќи тоа нема да влијае на нив.
„Проблемот подоцна беше решен и воведени се дополнителни мерки за да се спречи сличен проблем да се повтори, а тимот работи на исправување на грешките во трансакцијата“, додале од таму.
Am I right in thinking that BlockFi was meant to send $701 but sent this person 701 Bitcoin? 😬 pic.twitter.com/hlFtckSWyA
— Ric Burton 🇬🇧 ‣ 🇺🇸 🦇🔊 (@ricburton) May 19, 2021
За жал, на корисниците им било променето салдото на сметката откако се утврдило каде била грешката.