По повикот на фејсбук на екс премиерот Никола Груевски за утрешниот протест во Скопје се појавија низа коментари

Поранешниот претседател на Владата и ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку својата официјална фејсбук страница ги повика граѓаните да изразат поддршка и да се приклучат на протестот за ослободување на затворените лица од 27 април. Објавата на Груевски предизвика бројни реакции односно над 4.000 и 365 коментари.

Во нив се изразува поддршка, но и критики, а дел од граѓаните бараат Груевски да се врати бидејќи како што велат во нивните коментари, сега е моментот кога тој треба да се појави со 100.000 граѓани на улица.

Сега е моментот да дојдиш заедно со 100.000 илјади народ на православниот празник ЦВЕТНИЦИ ии да ја ослободиме Северна Макефждонија од овие и да бидеш ХЕРОЈ и народот е со тебе ајде те чекине да изненадиш в Недела како ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ со Мозок Македонија Вечна, стои во еден од коментарите.

Во дел од коментарите се пишува дека Груевски и бил потребен на татковината. Некои од нив му се обрааат со „Претседателе“ и го повикуваат да ја води државата во иднина.

Статусот на Груевски во продолжение:

Протестот на 25. Април со кој се бара ослободување или пат до брзо ослободување на затворените лица заради учеството во настаните на 27 Алрил 2017 година, како и на припадниците на МВР е оправдан. Нивните пресуди се неправедни. Осудени се со сурова конструкција на лажна квалификација за тероризам со цел не само да бидат затворени, туку тоа да трае по 10, 15 и повеќе години.

На тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжија седницата токму во време кога насобраната толпа народ кој претходни 60 дена мирно протестираше беше пред парламентот, сосема свесни дека ќе испровоцираат реакција на народот насобран да го заштити уставот. Очигледно беа поучени дека еден инцидент добро би им дошол за потоа вината и кај домашната и кај меѓународната јавност да падне врз организаторите на мирните протести, учесниците во тие мирни протести, но и врз ВМРО-ДПМНЕ со што би добиле ветер во грб за понатамошна безмилосна пресметка и политички прогон како кон организаторите и учесниците на дотогаш мирните протести така и кон водството на ВМРО-ДПМНЕ.

А зошто? За да има со што да се занимава народот додека тие се занимаваат со криминал, рекет и изнудување пари, присвојување на државните ресурси и комотно криминално владеење.

За да го држат народот во страв кој гледајќи како со леснотија се апси, притвора и се делат казни по 10-15 години затвор на видни лица и авторитети во државата, да не помисли да се спротистави на она што пред неговите очи се случува: масовен грабеж низ различни форми, неработење и неспособност и распродажба на националните интереси на државата, нејзиното име, идентитетот и историјата на македонскиот народ.