Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Табановце, информираа од АМСМ, се бележи зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– Прекин на сообраќајот за сите типови на возила, почнувајќи од 06.08.2021, од 09 до 15 часот, поради изведување на градежно асфалтерски работи на регионалниот пат Р2335 Житоше-Кривогаштани, соопштија од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.