Еден од оние на кои бројот на следачи на ,,Instagraм” му е во нагорна линија, а кој неодамна даде интервју за естрадниот магазин ,,Бекстејџ” e Давид Давидовски. Тој за себе вика дека е најконтроверзен лик и дека сака да има ,,добар лајф стајл” .

Во една од неговите последни објави тој на несекојдневен начин предизвика голем број од македонските јавни личности да ги покажат своите тела, а како пример се зеде самиот тој.
,,Јас како најконтроверзен македонец и како модна икона ги номинирам и предизвикувам македонските ѕвезди да направат вакви слики и да ги покажат нивните тела, а тоа се” – напиша тој, а меѓу номираните беа и Лила Филиповска, Зоки Фаци, Елена Велевска, Тоше Зафиров, Тамара Тодевска и многу други…, тој на својот фејсбук профил се огласи со нова објава.

,,Не дека мене тоа нешто страшно ме занима како тоа изгледа но публиката сака да ги виде згодните, влакнестите, целулитните , секси тела. Последен пат номинирам кој нема да се слика јас нема никогаш повеќе да му одам на настап и гостувам во емисија. Среќно!” – напиша Давид.
Целосниот пост може да го погледнете на следниот линк.