Жељко Ражнатовиќ е познат по прекарот Аркан. Но, дали знаете кој е неговиот прв прекар по кој бил познат во поравниот дом во Ваљево.Тоа е Хибрид, но никој не знае зошто.
figure>

Постојат неколку верзии и како подоцна го добил прекарот Аркан. Првото е дека кога првпат избегал од Југославија, лажниот пасош му бил на со името на некој Турчин Аркан.Другата верзија е дека Аркан самиот почнал така да се нарекува бидејќи тој збор значел непобедлив на неколку светски јазици.

Познатата српска пејачка Цеца Ражњатовиќ која деновиве е во центарот на вниманието поради свадбата на својот син Вељко за прв пат пред медиумите раскажа како нејзините родители реагирале кога таа им соопштила дека ќе се мажи за Аркан.

Им реков ќе се мажам за Жељко, а тогаш мајка ми рече: За Шашиќ? Ако, тој е добро момче. Татко ми само ме погледна. Каков бре Шашиќ, реков. Се мажам за Аркан. Моите ќе се онесвестеа раскажува Цеца.

Пејачката вели дека татко и во тој момент и рекол дека дека ќе се одрече од неа, на што таа одговорила:

Ако сакате откажете се, истепајте се, јас се мажам за тој човек.

Во јавноста протече и фотографија која до сега не е видена, Цеца и Аркан кои позираат со мајката на пејачката .

Инаку Цеца и Аркан се венчаа во 1995 година.

Свадбата на пејачката која во тоа време ја започнуваше својата кариера Цеца со Аркан предизвика во тоа време огромен медиумски интерес . Оваа свадба ја снимале дури и престижните CNN и BBC.

Младоженецот , однсоно Аркан бил приморан пред да биде склопен бракот со Цеца , да добие дозвола од црквата , бидејќи бил постар повеќе од 21 година од невестата , а тоа не му бил прв брак .

Според тогашните информации , свадбената прослава на Цеца и Аркан чинела 100 000 германски марки , а ја платил пријателот на Аркан , италијанецот Џовани ди Стефано.

Цеца и Аркан кој е покоен, имаат две деца Вељко и Анастасија Ражњатовиќ.