Како келнер ми имаат све и свашта нарачано у животов, од типот виски со џус од портокал, узо со кока кола, еспресо 70%, еКспресо веќе е нормална појава. Ми имаат нарачано каталог место мени, им дадов каталог од Авон, вака започнува фејсбук статусот со најинтересите и најчудни карачки во кафулињања и ресторани, а во коментари се редат интересни бисери и гафови.

Чаша топло млеко со чоколаден прелив у 01ч навечер на коњопој у диско. Траминец црвен, бела т’га. Џони вокер со 2 и ПОЛ коцки мраз. Ама врвот над врвовите беше коа ми нарачаа ЗЕЛКА САЛАТА и МОЕТ, раскажува келнерoт и додава дека за да бидеш келнер или шанкер у Мк значи да се разбираш и од психијатрија.

Во продолжение има навистина интересни коментари за нарачки од типот: „пилешки сендвич, без пилешко“, „превртено макијато – прво млекото па кафето“, па дури се случило гостин да порача „атомосфера“ од што било многу тапа во локалот.