Бизнис аналитичарот, Мартин Димовски, одговара на прашањето: кои три работи прво би ги направиле ако сте градоначалник на општина Карпош, пишува СКОПСКО ЕХО

1. Паркови, зеленило, слободен простор

– Од година во година зеленилото се намалува. Од најзелена општина, Карпош прерасна во бетонска џунгла со што значително се деградираше квалитетот на живот.

Оттука. За мене најважна мерка би била подигнување на нови паркови и зелени површини во урбаниот дел на Општината. Ако треба и по цена на тоа да Општината откупува градежни парцели кои потоа би биле трансформирани во паркови. Тука предвидувам и подигнување на парк-шума налик на онаа во Гази Баба и тоа кај касарната Илинден, во близина на Бардовци и Нерези.

2. Нови паркинзи, а не зонско паркирање

Решавање на проблемот со паркирање кој е настанат поради штанцањето на градежни дозволи и несоодветното планирање на просторот. Реконструкција на постоечките паркинзи и нивно трансформирање во еколошки паркинзи како и изградба на монтажни еко-паркинзи на повеќе нивоа. Со тоа ќе се надмине проблемот за паркирање, но и ќе се даде придонес кон раззеленувањето на општината.

3. Транспарентност – општина на жителите

– Општината треба да биде целосно отворена за жителите. Таа треба да биде сојузник во секојдневниот живот на жителите. Затоа една од трите мерки е и транспарентност и целосна отвореност на општината.

Целиот текст на СКОПСКО ЕХО прочитајте го ТУКА