На 19.05.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на бул.„Јане Сандански“.

При контролата било констатирано дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР, кои одбивале да се легитимираат.

Станува збор за Б.Д.(48) и З.Ц.(49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.

За настанот бил запознаен Одделот за внатрешна контрола при МВР. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Повеќе вести: Велосипедистка се здобила со тешки повреди откако со велосипедот удрила во отворена врата на такси возило. Според МВР таксисот по незгодата избегал.

Скопјанка со велосипед удрила во вратата на такси возило, таксистот побегнал

Велосипедистка се здобила со тешки повреди откако со велосипедот удрила во отворена врата на такси возило. Според МВР таксисот по незгодата избегал.

„На 19.05.2021 во 12:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ со ул.„Пиринска“ во Скопје, велосипедистка Е.П.(50) од Скопје удрила во отворена врата од запрено такси возило, кое по незгодата го напуштило местото. Е.П. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.