24 часа во денот, седум дена во неделата – дознај што е АКТУЕЛНО во Македонија и СВЕТОТ

ПОВЕЌЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ

Двајца штипјани се измамени за голема сума од маж кој ги довел во заблуда дека лекува болести.

Измамникот е 42-годишник од Кочани, а полицијата против него поднесе кривична пријава.

Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари, соопшти МВР.

ПОВЕЌЕ СОДРЖИНИ: БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ на паркиралиштата на ПОЦ за празниците

Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.

Од 30.4. (петок) до 3.5. (понеделник) граѓаните ќе може да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Редовната наплата за паркирање ќе продолжи на 4.5. (вторник) со вообичаено работно време.