На плоштадот во Скопје попладнево се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ. Групата која носеше транспаренти „Крај на опсадата“ , „Смрт на фашизмот“, „Слобода за Палестина“ беше организирана од социјалниот центар „Дуња“, од каде повикаа да престане иселувањето и узурпацијата на палестинските домови, пишува 360степени.

„Стоп за окупацијата на Газа. Стоп за бомбардирањето и стоп за присилното иселување. Нема место во 21 век за етнички чисти територии. Големите идеи за големи држави, етнички чисти треба да сотанат во минатото. После Белград, Сараево, Приштина и Љубљана и тука во Скопје го дигаме гласот во заштита на обесправените народи“

Организаторите на протестот се оградија од втората група демонстранти која пристигна на плоштадот со национални етнички знамиња и транспаренти на кои пишува „Ал Акса секогаш ќе ни значи“, „Моето срце е со Палестина“, „Стоп за крвопролевањето“.

Демонстарции со повици за прекин на нападите во Газа се одржаа во најголемите европски метрополи, вклучувајќи ги Берлин, Париз, Лондон и Мадрид, како и помалите градови и во американските градови Њујорк, Вашингтон, Бостон и Лос Анџелес.

ИЗВОР: 360степени линк Два протеста во Скопје за поддршка на палестинскиот народ (360stepeni.mk)